Пазарџиите најавуваат генерален штрајк низ државата, не сакаат законско решение

Македонија

Пазарџиите најавуваат генерален штрајк. Иако примената на новиот Закон се одложи за една година, тие не отстапуваат од своето барање за негово целосно укинување и ја искажаа можноста да ја блокираат работата на зелените пазари низ целата држава. Одлуката да се одложи примената на законот за една година е донесена токму со таа цел, преку заеднички преговори во меѓувреме да се изготви подобрено решение на задоволство на сите засегнати страни.

Иако сè уште неофицијално, пазарџиите подготвуваат иницијатива до Уставен суд за да се преиспита уставноста на законот, што беше донесен по скратена постапка и како што велат, без консултација со сите засегнати страни. Новите законски измени предизвикаа револт кај пазарџиите бидејќи им се наметнува дополнителна давачка во висина од 60 евра на годишно ниво, а пензионерите и вработените немаат право да поседуваат тезга.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged