Додека СДСМ троши илјадници евра на апетисани и морски плодови, јавните претпријатија во Струга се пред тотален колапс

Регион

Владата на СДСМ, ја колабира целата држава! Јавните претпријатија во Струга се пред тотален колапс!, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга и додаваат дека во време кога се соочуваме со пандемија, која ќе предизвика сериозна економска криза, кога здравството нема доволно респираторни машини и јавните претрпијатија немаат финансии да им обезбедат плати на вработените, Владата на СДСМ троши илјадници евра на апетисани и морски плодови!

– Имено, вработените во ЈП ,,Комунално – Струга добиле плата само по 7000 денари, иако граѓаните редовно си ги подмируваат месечните трошоци кон ова претпријатие. Во ЈП ,,Водовод и Канализација -Струга, вработените се соочуваат со ист проблем, и тие добиле само половина плата, со образложение дека ќе им се доисплати во наредниот период! Замислете, во време на пандемија, вработените во овие јавни претпријатија се оставени да преживуваат како знаат и умеат!, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.

Оттаму апелираат веднаш да се преземат сите мерки и да им се исплатат сите плати на вработените во овие јавни претпријатија!

Ова ли е животот што го ветуваше СДСМ?! Вака ли се заштитени граѓаните и нивните права?!, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга и надополнуваат:

„Ваквото лошо менаџирање со јавните претпријатија и ваквата негрижа на директорите кон вработените е навистина загрижувачка! Владата на СДСМ, трчајќи по тендери и пари, заборави на се друго! Буџетот го исцрпија, заслепени од личните интереси и фракции, ставајќи ја Македонија во длабока економска криза, а да не заборавиме, пред само два месеци Министерката за Финансии не убедуваше сите нас дека буџетот на Македонија ,,блеска”! Како дрско ја манипулирате јавноста, без око да ви трепне! По кој знае кој пат, ќе ве прашаме, каде ви се совеста и честа?!Достоинство и образ немате, ама барем грам совест да имавте, вакво нешто немаше им правите на граѓаните! Ова ваше самоволие, сите ваши лаги и интриги, жестоко ќе бидат казнети од народот, кога и да има избори!“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged