Лазаров денеска полни 40 години!

Спорт

Ракометната легенда, капитенот Кирил Лазаров денес го слави 40-тиот роденден.

Македонскиот „бомбардер“ е вистински феномен, па дури и на залезот на кариерата игра на највисоко можно ниво, игра во силна лига како што е француската и постигнува клучни голови како оној за победа на македонската репрезентација на отворањето на ЕП 2020 против Украина.

Најголемите успеси на македонскиот репрезентативен ракомет се поврзани токму со името на Лазаров, кој цели 20 години со гордост го носи црвено-жолиот дрес.

Првото големо натпреварување му беше СП во Египет во 1999 година, а доколку Македонија добие вајлд-карта, нема сомнеж дека Лазаров ќе учествува и на мундијалот што ќе се одржи во истата држава во 2021, како заокружување на неверојатната репрезентативна кариера.

По повод јубилејниот роденден , доби прекрасна честитка од неговите ракометари и соработници од школата „Кирил Лазаров 7“. Најголемата ракометна фамилија сними преку 120 видеа за да му посака многу среќа и успеси на македонската спортска ѕвезда.

OХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged