Се шетале по улиците низ Охрид без дозвола, па сега ќе треба да платат по 2.000 евра

Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид денеска до Основниот суд во Охрид поднесе предлози за издавање казнен налог за две лица кои непочитувајќи го полицискиот час сториле кривично дело од член 206 став 1 од Кривичниот законик – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Двајцата обвинети биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат по улиците низ Охрид додека во сила била Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија.

Обвинителството на судот му предложи обвинетите да ги огласи за виновни за стореното кривично дело и да им изрече парични казни во висина од 100 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 2000 евра во денарска противвредност.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged