(ФОТО) Кому му сметаше Сонцето од Кутлеш во Велгошти?

Охрид

Сонцето од Кутлеш кое го красеше центарот на игралиштето во охридското село Велгошти некој го исшкртал и нацртал недолични содржини.

Неофицијално, според жителите од Велгошти, овој вандалски чин го направила младината на СДСМ од селото.

На овој недоличен чин реагираше Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник.

„Агендата вака така си ја терате, дел официјално дел со вакви герила акции…
Едно не сфативте , со брусење , шкртање,негирање и што ли уште не пробавте, не се ништи нешто што илјадници години постои!
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД за брзо време ќе ви одговори таму кај што треба…
Ова е иначе, игралиштето во с. Велгошти Охрид!!“, напиша Пецаков на Фејсбук.

Агендата вака така си ја терате, дел официјално дел со вакви герила акции…Едно не сфативте , со брусење ,…

Posted by Pecakov Kiril on Wednesday, May 20, 2020

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged