На 20.05.2020 во 08.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на авто камп во Охрид, во близина на брегот на Охридско езеро, биле забележани М.П.(65), Е.З.(35) и Е.З.(31), сите од Охрид, со риболовен алат и вреќи со улов, по што го напуштиле местото.
По издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во чамецот и била пронајдена поголема количина риболовен алат и улов од риба. Предметите и уловот се подигнати за понатамошна постапка.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
извор: МВР
Please follow and like us: