За неносење маска казнети 113 граѓани, во полициски час приведени 41

Македонија

Во текот на изминатото деноноќие по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 113 прекршоци. За последните 24 часа на 85 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged