Манчевски демантиран, Центарот за јавно здравје тврди дека новозаболените лица во Охрид и Струга не биле на литијата

Охрид

Повеќе од две недели по одржувањето на Ѓурѓовденската литија во Струга нема заразени од коронавирус. Во охридскиот Центар за јавно здравје не е регистриран нити еден заболен кој бил дел од свечената процесија.

Во периодот од одржувањето на црковниот настан на 7-ми мај, до денес во Струга и струшко се регистрирани 4 заболени лица: две од селото Подгорци кај кои болеста се пренела од веќе заболено лице во кругот на семејството кој е фармацевт. Останатите две дијагностицирани лица се од  градот Струга, тие буквално не ги напуштале своите домови, бидејќи боледувале од други сериозни болести. Едниот бил асамтичар и тој почина од коронавирус на 18-ти мај, а другото е лице со хендикеп кое не може да се движи без придружба. Неблагодарно е да се каже каде овие изнемоштени лица се заразиле, но извесно е дека не биле дел од литијата, нити тие, нити членовите на нивните семејства кои сега се во карантин, велат охридските епидемиолози.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека нити последните 4 новозаболени во Охрид дијаностицирани во период од 16-ти до 18-ти мај, не биле на литијата. Ситуацијата со коронавирусот, будно се следела и во Дебарско-кичевската епархија, имаме право да бидеме информирани, велат свештените лица кои податоците го добиле од прва рака. Не е време велат, да се шират лажни вести, заразата не бира по политичка или верска определба, затоа недозволиво е да шпекулираат поготово носителите на власта. Ова доаѓа како реакција на министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски кој вчера изјави дека дел од новозаболените потекнуваат од литијата во Струга.

– Зошто да се шират лажни вести кога се спротивни на она што се изјавува од надлежниот министер. Сите тие статистики и бројки воопшто не се совпаѓаат со одредени изјави на одредени политички лица. Значи во Струга нема заболени поминаа толку денови во Струга нема заболени, има во Подгорци, едно лице во Враништа и толку, вели Отец Васко Голабоски, Старешина на Свети Ѓорѓи Струга

Отец Васко потврди дека тој како старешина на црквата Свети Ѓорѓи и уште неколкумина друго, биле повикани на информативен разговор во полиција.

– Немам замерка на полицијата и обвинителството, прописите и начелата кои важат во вонредни услови како овие, мора да се почитуваат, но според мене во оваа ситуација неможе да се одреди виновник. Тврдам дека процесијата беше добро организирана и контролирана од страна и на полицијата, бидејќи на литијата на која вообичлаено има и по 10.000 луѓе, годинава имаше околу 300, тоа впрочем и стои и во извештајот од полицијата, вели отец Васко.

извор: Република

Please follow and like us:
Tagged