Сепак имало посилен од државата

Македонија

Никој не е над државата и Владата нема да потпадне под никакви притисоци, вака вчера велеше техничкиот премиер Оливер Спасовски пред да биде донесена одлуката за полицискиот час за празничниот викенд.

– Од државата нема посилен никој. Ниту верски лидер ниту никој. Воопшто ако некој мисли дека ќе врши притисок ако му паднало на памет треба да знае дека притисок не може да изврши. Ако носевме одлуки под притисок требаше да правиме по две седници на ден па сабајле кога ќе се јавеа незадоволни попладне да ги менувавме, изјави вчера Спасовски.

Но, очигледно имало посилен од државата, во случајов тоа е ИВЗ, која веќе извесно време вршеше притисок, односно се закани дека нема да почитува полициски час за Рамазан бајрам. Поглаварот јавно вчера кажа дека верниците ќе одат во Џамија. Па затоа вчера владата донесе одлука полицискиот час да биде од од 11 часот во недела до 05 часот во вторник.

Оттука се поставува прашањето зошто власта ги остави православните верници без можноста во црква да го празнуваат најголемиот христијански празник Велигден. И во овој случај беше побарано од власта да им се овозможи на верниците посета на светите храмови низ земјава, како и присуство на литургиите, но тогаш владиците кои канеа да се оди во црква беа предмет на жесток напад, навреди и жигосување. Додека сега сме сведоци дека владата го прифати ултиматумот на ИВЗ. Ова е уште еден доказ дека истите правила не важат за сите, православните христијани го дочекаа Велигден со свеќи на своите балкони, додека муслиманските верници својата молитва во 05:30 часот во недела ќе ја кажат во џамиите низ земјава.

извор: Република

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged