ВМРО-ДПМНЕ Охрид упатува честитка по повод празникот 23 Мај – Националниот ден на Власите

Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите припадници на влашката етничка заедница им го честита празникот 23 Мај – Националниот ден на Власите.

Во честитката се вели:

Овој значаен празник за влашката заедница претставува афирмација на нивната култура и традиција.

Обврска на сите нас е да го чуваме, развиваме и промовираме етничкиот, јазичниот и културниот идентитет на Власите во духот на европските вредности.

Упатуваме искрени желби за понатамошен успех во негувањето на влашката култура и традиција во Охрид и Република Македонија.

Нека е честит националниот ден на Власите!

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged