Емилија, жената која за неполни 24 часа спаси три животи

Македонија

Во Македонија беше направена историска трансплантација на срце, истата беше успешна, а покрај хероите доктори и медицински сестри, најголем херој е Емилија Динева.

Динева е жената чии органи, едно срце и два бубрези ќе го продолжат животот на тројца други луѓе. Емилија Динева го загуби својот живот во трагична несреќа.

Семејството на Динева порача дека и други треба да го следат нивниот пример. Во најтешки мигови тие се одлучиле дека најдобро е да се донираат здравите органи со цел да се спасат други човечки животи.

Please follow and like us:
Tagged