Од почетокот на годината запленети 220 рибарски мрежи и 122 килограми риба

Охрид

Интензивни се контролите што, координирано ги преземаат СВР Охрид, граничната-езерска полиција, регионален центар Запад и Државниот инспекторат за земјоделие,  со цел сузбивање на казнени дела поврзани со незаконит риболов и други дела спротивни со Законот за рибарство и аквакултура. Целта како што вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, е откривање на сторители на вакви казнени дела и заштита на рибниот фонд во водите на Охридското езеро.

Според Димоски, од почетокот на оваа година, на охридско – струшкото крајбрежје, реализирани се околу 80 акциски контроли во кои, затекнати се повеќе лица при вршење незаконит риболов од кои три се приведени, пронајдени и одземени се околу 300 парчиња разновидна риба со вкупна тежина од над 122 килограми.

– Притоа, одземени се околу 220 рибарски мрежи во вкупна должина од околу 23.000 метри, неколку метални чамци како и друга разновидна рибарска опрема. Рибниот улов заедно со мрежите се предадени во Јавната научна установа „Хидробиолошки Завод“ Охрид, истакна Димоски и порача дека мерките против незаконитиот риболов и понатаму ќе се спроведуваат.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged