Билтен СВР Охрид: Приведени четворица охриѓани, за двајца кривични пријави

Охрид

Во текот на изминатото деноноќие (24/25..2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, осум лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-4, Струга-1, Кичево-3). Тие, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– Во истиот период, не се регистрирани  нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 73 контроли врз лица во изолација (Охрид-43, Струга-15, Кичево-15), три контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-2, Струга-1)  и 36  контроли на угостителски и други објекти, вели Димоски и надополнува дека СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Д.(58) и Х.Д.(18), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– Пријавените, на 28.04.2020 година околу 17,30 часот, биле затекнати на улицата „Андреа Јованоски“ во Охрид, без соодветна дозвола издадена од надлежен орган за движење за време на полициски час, истакна Димоски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged