(ФОТО) Сонцето од Кутлеш во Елшани исшкртано, но повторно исчистено

Охрид

Сонцето од Кутлеш кое деновиве беше нацртано на игралиштето во охридското село Елшани, некој го исшкртал со мрсни бои.

Но, жителите на селото се организирале и го исчистиле, па сега повторно го краси центарот на игралиштето.

Претходно ваков случај имаше и во селото Велгошти, каде исто така некој го имаше исшкртано Сонцето, кое потоа беше исчистено.

Се поставува прашањето на кого му смета овој македонски симбол и дали ова уништување се прави по нечија наредба?

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged