51-годишна охриѓанка повредена во сообраќајка кај Песочан

Охрид

На 26.05.2020 година во 09.15 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Песочан и Ново Село, случена е сообраќајна незгода во која учествувал патнички автомобил „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.С. (56) од Охрид.

– Во незгодата со повреди се здобила В.С.(51) од Охрид-сопатник во возилото, на која и била укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид извршила екипа од СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged