Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Македонија

Со 2/3 мнозинство донесена е одлука за разрешување на Реисот Сулејман Реџепи од функцијата.

– Донесовме одлука за разрешување на господин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница, изјави Ефенди Шаќир Фетаху.

До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија.

Одлуката стапува на сила од денеска.

Реисот Реџепи во неделата на празникот Рамазан Бајрам кажа дека коронавирусот е мртов.

– И да знаете дека ковид-19 можам слободно да го прогласам дека е умрен од денеска. Господ е со нас и кога Господ е со нас, ние се чувствуваме најсилни на свет, изјави Реџепи.

Тој претходно се ожени со 50 години помлада невеста.

извор: Република

Please follow and like us:
Tagged