Денеска е Вознесение Христово – Спасовден

Охрид

Македонската православна црква и нејзините верници денеска го слават Вознесение Христово или кај народот познат како Спасовден.

Овој е еден од десетте празници посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Света Тројца (Духовден) и секогаш е во четврток.

Господ во текот на 40 дена по своето воскресение им се јавуваше на учениците, зборувајќи им за царството Божјо. И откако им заповеда да не го напуштаат Ерусалим, туку да го чекаат слегувањето на Светиот Дух, тој ги изведе своите ученици во Витанија, ги благослови и се вознесе на небото.

Овој празник се нарекува Спасовден затоа што во денот на Христовото вознесение се доврши делото на спасението.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged