Пијан охриѓанец направил сообраќајка, па побегнал

Охрид

На 27.05.2020 година во 18.05 часот, во близина на автобуска постојка на булеварот „Туристичка“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која патничко моторно возило  „Мерцедес“ удрило во патнички автомобил „Фолксваген Поло“ со охридски регистарски ознаки, управуван од М.Н.(61) од Охрид.

Истиот, е префрлен во болницата „Св.Еразмо“ каде е задржан на натамошно лекување.

– Возачот на возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот. По преземени мерки, констатирано е дека возилото во алкохолизирана состојба го управувал Б.М.(49) од Охрид, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид и додава дека тој е исклучен од сообраќај и против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged