Пецаков: Георгиески три месеци одложуваше за ребалансот на буџетот и на крајот реши да биде партиски послушник на СДСМ

Охрид

Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески се однесуваат крајно несериозно кога станува збор за здравјето и интересот на граѓаните, истакна координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Кирил Пецаков, и притоа напомена дека Георгиески три месеци одложуваше за ребалансот на буџетот и на крајот реши да биде партиски послушник на СДСМ.

– За жал градскиот татко не се откажа од 17.800.000 денари за партиски вработувања, наместо да ги пренамени тие средства за помош на граѓаните и справување со економската криза. Наместо градски татко, Георгиески не се откажа од патните и дневни расходи од 540.000 денари и да помогне во борба со коронавирусот и поддршка на стопанството. Георгиески се откажа од две плати, но никако не се откажува од јадење и пиење и од дневници за службени патувања. 2.340.000 денари ќе потроши нашиот градоначалник за патни трошоци и репрезентации додека градот пропаѓа и охриѓани се борат за здравје, за задржување на своите работни места и се чудат како да врзат крај со крај, нагласи Пецаков и додаде:

СДСМ и Георгиески не ги интересира здравјето на граѓаните и нема помош за граѓаните кои се оставени сами на себе во овие тешки времиња. ВМРО-ДПМНЕ предлагаше мерки и апелиравме навремено, но неспособноста и незнаењето на СДСМ и Георгиески со задоцнетиот ребаланс на буџетот ги докажаa нивните неуспешни економски политики.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged