Трета жртва од компликации од мали сипаници, почина 13-месечно бебе од тетовско, Филипче не чувствува одговорност и не поднесува оставка

Македонија

Министерството за здравство ја известува јавноста дека вчера (10 февруари 2019) во вечерните часови почина 13-месечно дете од тетовскиот регион од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести.

-Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето, како резултат на компликации од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација. Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен квалитет, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Ова е третото дете жртва на морбилите. Состојбата станува алармантна.

Министерот за здравство Венко Филипче, по оваа трагедија посочи дека бебето имало компликација на белите дробови.

Во изјавата потенцираше дека бебето кое почина било невакцинирано. На оваа возраст бебето, секако, не може да се вакцинира со МРП, но министерот не почувствува потреба во таа изјава да каже било што друго, зошто најлогична постапка би било да си поднесе оставка, а тоа со сигурност не планира да го направи.

Неспорно е дека епидемијата од морбили може да се спречи со вакцинирање, но за смртта на овие три дечиња некој мора да понесе одговорност. Едното бебе било премногу мало да ја прими вакцината, а двете други биле на возраст на границата потребна за вакцинирање.

Од друга страна, Филипче мора да сфати дека и лично тој е заслужен што дел од родителите загубија доверба во вакцината додека тој тераше политичка кампања пред референдумот. Тој тогаш пишуваше дека дури откако Македонија ќе влезе во ЕУ, граѓаните ќе добијат најквалитетни вакцини.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged