21-годишно момче удри 70-годишна жена во Охрид

Охрид

На 30.05.2020 во 19.30 часот на бул. „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од П.М.(21) од с.Радолишта, струшко, удрило во пешакот  В.П.(70) од Охрид.

Во незгодата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Охрид за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

Please follow and like us:
Tagged