(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Виски за живот во Дебрца

Охрид

ВМРО-ДПМНЕ Дебрца денеска преку допис до медиумите реагираат на, како што велат, луксузирањето на градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално нивното соопштение испратено до медиумите:

Почитувани, сакаме да ја запознаеме јавноста како СДСМ и нивните кадри ја партиципираат власта. Должни сме да ја обзнанеме вистината како функционерите на СДСМ во сред пандемија се луксузираат таков случај е Градоначалникот Ногачески кој истиот тој ветуваше дека ќе ги намали непродуктивните трошења, но сведоци сме дека истиот склучил договор за набавка на прехрамбени продукти и пијалоци во висина од 251261ден. Каде што Ногачески набавува виски за цена од 7200денари, потоа набавува бело вино за цена од 2505денари,црвено вино за цена од 2505денари,потоа бренди (коњак) кој не е обичен туку мора да има алкохол од 36% за невероватна цена од 900 денари по шише или вкупно 18000денари, највероватно француски коњак,потоа женски пијалок Ликер да се знае која куќа е домаќинска мора да се има се, во вкупна вредност од 4000денари, додека народот едвај врзува крај со крај. Дали ваков живот ветуваше Ногачески пред да ја преземе општината. За другите работи наскоро ќе обзнаниме како Ногачески ги троши народните пари спротивно на тоа што го ветуваше пред изборите.

Please follow and like us:
Tagged