Граѓаните бараат целосно уредување на просторот кај Центарот за едрење на вода

Охрид

Целосно уредување на просторот кај Центарот за едрење на вода бараат граѓаните кои денеска ги анкетираше Охрид 24. Не се задоволни од целокупниот изглед на просторот, револтирани се од сечењето на дрвата во близина на местото, а исто така сметаат дека е потребно отстранување на контејнерите од Црвен крст, за кои велат дека не се соодветни за околината.

– Мислам дека овој парк, ова место треба да се уреди и да биде уште едно катче за одмор и рекреација на охриѓани и гостите. Погрешно е тоа што се исекоја околните дрва, а веќе ако се уредува паркот треба да се уреди и просторот до него, да се отстранат контејнерите, оградата да се промени, вели еден граѓанин.

– Овој простор треба да се среди и да се направи еден центар за спортови на вода. Моменталната слика не е соодветна, смета друг граѓанин.

Инаку Центарот за едрење на вода пред еден месец под стопанисување го зеде ЈП „Билјанини извори“, а таквата одлука предизвика реакција во дел од јавноста.

ОХРИД 24

Please follow and like us: