Груевски од Будимпешта откри име на нов странски инвеститор во Охрид

Охрид

Иако три години не е премиер на Македонија, Никола Груевски, во своето вчерашно интервју за Инфомакс од Будимпешта најави дека странскиот инвеститор „Магна“ наскоро ќе дојде и ќе постигне договор за работа во индустриската зона во Охрид.

Екс-премиерот, вели дека се работи за инвестиција која била договорена од неговата влада.

Од новите што треба да дојдат има уште доста. Еве можам една да ви кажам ,,Магна” на пример е договорена спакувана уште во времето кога ние ја раководевме владата, тоа е компанија за автомобилски делови ќе инвестираат во Охрид. Барем беа решени во Охрид да инвестираат сега ако ја смениле нешто, ама генерално тоа беше. Има и други само не е фер да ги спомнам – изјави Груевски за „Инфомакс“.

Груевски забележа дека сите инвестиции со кои сега премиерот Заев се фали се донесени и договорени од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged