Охриѓанец предизвикал сообраќајна незгода и избегал

Охрид

СВР Охрид, до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Ф.П.(19) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– Тој, на 11.05.2020 год. околу 01,00 часот, на локален пат во селото Песочан, општина Дебарца, предизвикал сообраќајна незгода во која со свое патничко возило удрил во електричен столб и избегал. По преземени мерки, тој е пронајден при што, полициските службеници констатирале дека не поседувал дозвола за движење во време на полициски час, издадена од надлежен орган, истакна Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged