„ОХРИД ОПЕН 2020“ се откажува поради ситуацијата со Ковид-19

Спорт

Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид, го откажува меѓународниот Таеквон-до ИТФ турнир „ОХРИД ОПЕН 2020“,  кој требаше да се одржи на 20 јуни 2020, во СРЦ „Билјанини извори“, под покровителство на генералниот спонзор ПН МЕТАЛ и општина Охрид.         

Претседателот на Македонската ИТФ и претседател на Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец –Охрид, Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, вели дека турнирот е најавен од претходната година и дека е ставен на официјалната страна од ИТФ, дека се направени доста подготовки за одржување на истиот, купена е судиска опрема, натпреварувачка опрема, татами за 4 борилишта и други материјални подготовки.

– За жал мораме да ги откажеме турнирот и сите резервации поради ситуацијата со Ковид-19 вирусот. Цело време се надевавме дека ќе се подобри ситуацијата и ќе се направат услови за одржување на турнирот. Како што знаете минатата година организиравме исто така Меѓународен Таеквон-до ИТФ турнир „ОХРИД ОПЕН 2019“, кој  многумина го нарекоа „Турнир за паметење“. Сите учесници беа презадоволни од нашата организација, а за возврат оваа година беа најавени  поголем број на учесници, натпреварувачи, клубови, држави, затоа оваа година имавме во план плус едно борилиште. Иако нема да го организираме оваа година нашиот турнир, сепак сакаме да се заблагодариме на генералниот спонзор ПН МЕТАЛ и општина Охрид кои застанаа зад нас за организирање на турнирот како за минатата така и за оваа година, рече Лазаревски и изрази надеж дека наредната година ќе има услови за повторно да го организираат.                                                                                                                                                                                                                                      

Лазаревски додава дека имаат пријавено екипа за учество на Европско Таеквон-до ИТФ првенство, кое требаше да се одржи 19-26 април 2020 во Прага-Чешка, кое поради ситуацијата се одложи за средина на август.

– Имаме платено резервација за нашата екипа, но не знаеме како ќе се одвива ситуацијата со Ковид-19, вели Лазаревски и посочува дека во сите држави се почнати со тренинзи, додека нашите натпреварувачи се одржуваат индивидуално секој за себе во домашни услови.    

Please follow and like us:
Tagged