Сообраќајка во Охрид: 77-годишна жена се исплашила од сударот, паднала и се здобила со тешки повреди

Охрид

На 09.06.2020 во 10.50 во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосницата на улиците „Трајче Трајчески“ и „Сатеска“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шевролет Спарк“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(31) од Охрид и патничко возило „Фолксваген Поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(71) од Скопје, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Притоа, Д.Н.(77) од Охрид, која во тој момент се движела по тротоарот, се исплашила од ударот на возилата и паднала на тротоарот, здобивајќи се со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, вели Димоски.

На местото на незгодата, увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged