Грција ја испрати дипломатската нота. Договорот стапува на сила, Македонија и официјално станува Северна

Македонија

Грција ја испрати официјалната дипломатска нота со која ја информира македонската влада за ратификацијата на Преспанскиот договор и Протоколот за НАТО.

Се очекува уште вечерва во Службен весник да биде објавен датумот кога стапуваат на сила уставните измени и уставните закони, со кои Република Македонија ќе стане Република Северна Македонија.

По пристигнувањето на нотата ќе биде испратено заедничкото писмо на Македонија и Грција до Генералниот секретар на ОН дека спорот со името е надминат и од кога спогодба за името стапува на сила и со тоа прашањето за името се затвора. Македонија потоа со писмо ќе го информира Секретаријатото на ОН, земјите-членки, како и сите меѓународни организации за новото уставно име.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged