Боки 13 доби 9 години затвор, Јанева 7

Македонија

Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева денеска ги слушнаа пресудите за случајот „Рекет“.

Јовановски за двете кривични дела е осуден со две затворски казни од по 5 години или единствена казна затвор од 9 години, сметајќи го времето поминато во притвор.

Судот ја осуди Јанева на 7 години затворска казна сметајќи го времето поминато во притвор.

Јовановски беше присутен во судницата, а Јанева не присуствуваше на изрекување на пресудата по нејзино барање поради семејни причини.

Пресудата ја донесе судечкиот совет со кој заседава судијката Васка Николовска-Масевска.

извор: Курир

Please follow and like us:
Tagged