Боки 13: Парите од РЕКЕТ барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев

Македонија

Парите од РЕКЕТ барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев, рече осудениот Бојан Јовановски денес во судот.

– Донесовте политичка пресуда. Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, не кај Бојан Јовановски, истакна Боки 13.

Тој во своето излагање во врска со барањето да оди во домашен притвор, рече дека знае дека судот нема да му го одобри барањето.

– Знам дека ќе ми го продолжите притворот бидејќи така ви е наредено, нагласи Боки 13.

За момент од судијата во случајот беше побарано Јовановски да биде изнесен од судот.

Тој најави дека деновиве ќе достави крвични пријави против вистинските сторители на кривични дела во Македонија.

– Едвај чекам да ми дозволите да отидам во Јавното обвинителство овие денови за сите вистински сторители на кривични дела во оваа земја, рече Јовановски.

Јовановски беше обвинет на 9 години затвор во случајот Рекет.

Парите од рекетот во Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви!!!

Парите од рекетот во Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви!!!

Posted by Рекет.мк on Thursday, June 18, 2020

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged