Кластерите мекици, слава, свадба, ифтарски вечери и погреби на кои имало и по 200 луѓе го кренаа бројот на заразени

Охрид

Кластерите мекици, слава, свадба, ифтарски вечери и погреби на кои имало и по 200 луѓе нагло го зголеми бројот на заразени со коронавирус. На ниво на државата има околу 40 кластери и на 15 до 20 кластери во Скопје, рече директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова-Бухова.

– На пример, кај кластерот свадба – Скопје имаме 14 заразени и, замислете, ниту еден контакт, кај кластерот мекици – Охрид има 21 заразен и 200 контакти, куќна слава – Ресен има 31 позитивен и над 70 контакти. За жал, имавме и погреби со голем број присутни, а според протоколите не смеат да присуствуваат повеќе од 5 лица, рече Бухова на прес-конференцијата.

Други тип кластери кои се „виновни“ за зголемениот број заболени се и семејните кластери, односно од 2 до 20 лица со исто презиме, односно од исто семејство.

Како општини во Скопје кои се со најмногу вакви кластери се Чаир, Аеродром, Гази Баба и Сарај. Бројот на заболените, според Бухова, бележи пораст од 24 мај наваму, односно од моментот кога се намалени рестрикциите, со што се констатира дека се работи за неодговорност и непочитување на мерките за заштита.

ДСЗИ досега издал 8 000 решенија по основа на контакти, 3 200 за позитивни случаи за домашно лекување и 3 500 решенија на повратници за самоизолација со негативен ПЦР-тест.

извор: Република

Please follow and like us:
Tagged