Среде пандемија од коронавирус, вевчанци веќе 40 часа оставени без вода

Регион

Попладнево до нашата редакција пристигна реакција од жителите на Вевчани. Тие велат дека на сред пандемија од коронавирусот кога една од главните препораки е да се одржува хигиената, тие веќе 40 часа се оставени без вода. Вевчанци својот револт го искажуваат и на социјалните мрежи.

Како што велат вевчанци, причина за проблемот е неажурноста на Јавното Претпријатие Еремја од каде пред три дена односно на 15 јуни најавиле дека поради дислокација на главни водоводни краци што ќе се изведуваат на потегот обиколница „Вевчани – Југ“, наредниот ден 16 јуни нема да има вода за пиење од 07:30 до 19:00 часот.

Но наместо решавање на проблемот и добивање вода, на 16 јуни од претпријатието објавуваат корекција на последното известување и им соопштуваат на жителите дека дислокацијата се одложува за 18 јуни и дека тој ден нема да има вода за пиење во периодот од 07:30 до 19:00 часот.

Но надежите на вевчанци дека ќе добијат вода за пиење и денеска пропаѓаат бидејќи од Ј.П. Еремја вечерва им соопштуваат дека работите за дислокација не се завршени и дека континуирано нема да има вода за пиење денес и дел од утрешниот ден се до завршување на работите.

На ваквата ситуација реагираат и од ВМРО-ДПМНЕ ОК Вевчани.



Своја реакција за ситуацијата имаше и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник, Ѓорѓи Влајнкиноски, кој на Фејсбук напиша дека ова е страшно и дека за ова некој треба да сноси одговорност.

Се надеваме дека како што е најавено утре ќе заврши 40-часовната голгота на вевчанци и дека ќе добијат вода за пиење која во ова време и тоа како е од огромна важност.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged