Кандидатите за пратеници од Струга, ги запознаа стружани со проектите од програмата Обнова на Македонија

Регион

Денес на новото градско шеталиште, кај црквата ,,Св. Ѓорѓи”, ВМРО-ДПМНЕ Струга, постави штанд и на стружани им подели флаери ,,Обновата доаѓа”.

Како што истакна Мирче Аџиоски, претседател на Општинскиот комитет и кандидат за пратеник разговарале за проектите и приоритетите за Струга и Република Македонија.

– Она што особено ме радува, е фактот што граѓаните се цврсто убедени за Обнова! Вашата огромна поддршка, за нас е мотив да работиме чесно и достоинствено, онака како што заслужува секој еден граѓанин на Република Македонија! Ви благодарам, за секој предлог, за вашето драгоцено време што го одвоивте и не посетивте, во иднина ќе се гледаме почесто, ќе споделуваме и ќе разговараме за приоритетите на Струга!, напиша Аџиоски на Фејсбук.

Почитувани,Денес на новото градско шеталиште, кај црквата ,,Св. Ѓорѓи" поставивме штанд и на нашите сограѓани им…

Posted by Mirce Adzioski on Saturday, June 20, 2020
Please follow and like us:
Tagged