39-годишен охриѓанец тешко повреден во сообраќајка на крстосница помеѓу бул. „Македонски Просветители“ и бул. „Туристичка“

Охрид

На 20.06.2020 во 09,15 часот на крстосница помеѓу бул. „Македонски Просветители“ и бул. „Туристичка“ во Охрид патничко моторно возило „тојота корола“ со струшки регистарски ознаки управувано од Љ.Ж.(50) од Струга удрило во велосипедист К.Н.(39) од Охрид.

По незгодата К.Н. бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“-Охрид каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.

извор: МВР

Please follow and like us:
Tagged