Сообраќајка на патот Охрид – Струга, едно лице потешко повредено

Охрид

На 20.06.2020 во 20,00 часот на регионален пат Охрид-Струга кај место викано „Оровничка плажа“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило„фиат“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.С.(40) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со струшки регистарски ознаки управуван од Б.М.(39) од с.Мислешево, струшко.

По незгодата од доктор на Б.М му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош.

За настанот е запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

извор: МВР

Please follow and like us:
Tagged