Заев призна, ако остане на власт 20% од администрацијата ќе оди во приватен сектор

Македонија

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција најави дека во следниот мандат доколку владеачката партија победи на предвремените парламентарни избори ќе се намали една петтина од администрацијата.

– Отстранување на бирократизацијата која што ја имаме во државата, со сите мерки на checks and balances и во правосудниот систем, ослободување на 20 отсто од администрацијата и нејзино пренасочување во приватниот сектор, рече Заев, кој не спомена дали ваквата одлука се должи на барањата во преговорите со Европската унија што се очекува да започнат до крајот на годината, иако овој процес власта го заговара подолго време.

извор: Република

Please follow and like us:
Tagged