ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Лицемерно е Шекеринска да доаѓа во Охрид, а ништо да не каже за предлог-проектите за Охрид коишто ги ветуваше со Планот за живот на претходните парламентарни избори

Охрид

Радмила Шекеринска е истрошен политичар кој живее во сопствените лаги и ги злоупотребува државните функции за партиски цели. Со СДСМ, Зоран Заев и Шекеринска нема инвестиции и воопшто не се вложуваа во образованието и инфраструктурата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, на денешната посета на Радмила Шекеринска во ОЕМУЦ Св. Наум Охридски.

Лицемерно е Шекеринска да доаѓа во Охрид, а ништо да не каже за предлог-проектите за Охрид коишто ги ветуваше како носител на ИЕ 5 со Планот за живот на претходните парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид и прашуваат на кој начин се грижи власта за најмладите кога ги нема ветените спортски сали во училиштата?

– СДСМ и Шекеринска ги излажаа граѓаните затоа што нема ништо од изградбата на ветените четири спортски сали во ОУ „Кочо Рацин“ – нас. Радојца Новичиќ, ОУ „Братство-Единство“, ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец и ОУТУ „Ванчо Питошески“. Кога директорите повеќе ќе работат и ќе ги промовираат училиштата наместо функционерите од власта и партиските агенди тогаш може СДСМ да рече дека се грижи повеќе за младите и за образованието. Шекеринска треба да знае дека зголемениот интерес за упис на ученици во електромашинската струка е само поради капиталните инвестиции „ОДВ Електрик“ и „Костал“ донесени токму од ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат од партијата.

Освен што затворија фабрики и бизниси кои капитални инвестиции ги донесоа СДСМ и Шекеринска во Охрид?До каде е проект за гасификација на установите, институциите, индустриските објекти, туристичките објекти и објектите за домување? Зошто СДСМ и Шекеринска и по три години власт не успеаја да го позиционираат Охрид како регионален и европски здравствен туристички центар? Зошто нема ни Ч од чист Охрид и проектот „Еколошки чист Охрид и Охридско Езеро”?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид и порачуваат дека на 15-ти јули Заев, Шекеринска и СДСМ заминуваат на буништето на темната страна на политичката сцена.

Please follow and like us:
Tagged