(ФОТО) Директорка на основно училиште во Струга наредила да се уништи Сонцето од Кутлеш

Регион

Денес сме сведоци на еден бесрамен вандализам во училиште во Струга! Имено, директорката на ООУ ,,Јосип Броз Тито”- Струга, Лидија Гогоска (кадар на СДСМ, се разбира) им дала наредба на служителите да го уништат македонскиот симбол – Сонцето од Кутлеш од спортското игралиште. Замислете, колку злоба и нечовечност треба да имате за да сторите вакво дело!, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

– Па, да Ве запрашаме директорке, во која држава сте родена и во која држава живеете? На кое училиште сте директорка?! Каков пример сте за децата и вработените во тоа училиште?! Зарем немате срам и малку љубов кон татковината и светите бои? Зарем е поважна, во овој момент политиката и партиските инструкции, од се она што е свето за нашата Македонија? Дали ќе ја дадевте истата наредба за бришење  доколку се работеше за друго знаме и симбол???, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

– Вие сте еден голем срам за Струга и за Македонија! Ве повикавуаме, веднаш да си дадете неотповиклива оставка и партиските задачи и инструкции спроведувајте си ги дома, а не во училиште каде треба да сте пример за останатите со Вашето однесување! Но, срамот е само Ваш! Еден ден ќе жалите, ама историјата ќе ве забележи како вандал на сосптвената држава и народ! Некој за боите свети, некој за парите клети! Вие сте од тие вторите, за жал! И не заборавајте, секоја функција е минлива, секоја власт е менлива, а образот е еден и вечен! Вие денес си го извалкавте за цел живот! Ова е непростливо! На 15ти сите злодела ќе ви се удрат од глава како бумеранг! Доста е со понижување на Македонија и македонскиот народ!, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.

Please follow and like us:
Tagged