Аџиоски до СДСМ: Вие сте веќе три години на власт, за кој режим зборувате?!

Регион

Во изминативе неколку дена, СДСМ својот ПР го има пуштено на најјако, па константно споменуваат и се фалат што направиле и како се бореле против ,,режимот” на ВМРО-ДПМНЕ!
Замислете, каква иронија и безобразлук!
Вие сте веќе три години на власт, за кој режим зборувате?!
За оној ,,режим” кој успешно спроведе стотици проекти, од кои Македонија почна да расте и да се развива економски и светски?!
За ,,режимот” во кој невработеноста беше на најниско ниво, за кој граѓаните беа приоритет, за кој историјата и уставноста на Република Македонија беа светост?!
За тој ,,режим” ли зборувате?
За што се боревте, за тие што ги нарекувавте криминалци сега да ви се коалициони партнери?!
За уништување на се што е македонско, за да ги наполните сопствените џебови, за криминалот и корупцијата да цветаат, за тоа ли се боревте?!
И да е поголема трагедијата, погазивте на народот, на оној народ кој го нарекувате стока, кој ни во 2016 година не ви даде доверба за да ја предводите Владата на Република Македонија, ниту на Референдумот не ви даде право да го промените Уставот, со цел промена на името на Република Македонија!
Господа од СДСМ, пред јавноста кажувате што сте направиле, но не кажавте што и направивте на Македонија и македонскиот народ во изминативе 3 години!
Па, еве јас ќе ве потсетам!

Почитувани,
ова е се што треба да знаете за криминогеното владеење на СДСМ и нивниот хибриден режим:

❗Промена на името на Република Македонија;
❗Поткуп,притисоци и уцени на пратеници, со цел промена на Устав;
❗Промена на идентитетот на македонскиот народ;
❗Промена на историјата на Република Македонија;
❗Преговори за националната припадност на Гоце Делчев;
❗Платата од 500 евра остана само уште едно неисполнето ветување;
❗,,Бесплатното здравство”, стана поскапо од кога и да било;
❗Заборавање или бришење на Македонците надвор од границите на Македонија;
❗Брусење на сонцето од Кутлеш на територијата на цела Македонија;
❗Криминал и корупција на највисоко ниво;
❗ Глава на рекетот во Република Македонија – Зоран и Вице Заеви?!
❗Корумпирано Специјално јавно обвинителство;
❗ Судство отворено како “пупка” од страна на Зоран Заев;
❗Именување и поставување судии за време на вонредна состојба во државата;
❗Високи владини функционери замешани во корупциски скандали;
❗Здравството на колена, поради лошото менаџирање на Министерот за здравство, Венко Филипче;
❗Недоволна грижа за медицинскиот персонанал и докторите, оставени сами на себе, без заштитна опрема за време на пандемиј од Covid 19, чекаа на донации, па затоа и се заболеа во огромен број;
❗ Земјоделците оставени сами на себе веќе три години;
❗Претседател на држава, продолжена рака на Зоран Заев;
❗ Илјадници граѓани избркани од своите работни места;
❗ Целосно спроведување на Тиранската платформа;
❗Ослободување на обвинтетите за петкратното убиство кај Смилковско езеро;
❗Ослободување на убиецот на Мартин Нешковски;
❗Три години затворска казна за убиство на млад живот, наспроти четири години затворска казна за кубење на косата на Радмила Шеќеринска;
❗Носење уредба на Влада, за да се исплатат плати на СЈО во време на пандемија;
❗Нарачани обвиненија и судски пресуди, преку обвинителството на Вилма Рускоска и судството на Добрила Кацарска;
❗Два пати зголемена акциза на горивата;
❗Иселувањето од Република Македонија, никогаш не било поголемо;
❗ Задолжување со нови 300 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид, а не се изградени ни 3 км за 3 години;
❗Поскапа вода;
❗Поскапа струја;
❗Ќе го продаваа мерцедесот за да купат амбулантни возила, но и ден денес се возат во него;
❗Предизборбно поклонуваат милијарди на невладини организации и за домашен туризам на граѓаните, а здравството е во колапс, па веднаш потоа бараат од истите граѓани да донираат во болниците;
❗Непотизам и алчност;
❗Мрак и цензура во новинарството;
❗Слободата на говор, врзана со ланците на Зоран Заев;

Лаги и манипулации секој ден… и уште многу други работи!

ДОСТА Е!

Граѓаните се презаситени од вашите лажни ЌЕ ветувања!
Вашиот ,,прав пат” и хибриден режим ја однесоа Македонија во амбис!
Време е за обнова!
Време е за исправена, горда и достоинствена Македонија!
Време е за нови проекти, за чесни луѓе кои ќе ја направат Македонија економски јака и стабилна!

Фејсбук статус на Мирче Аџиоски, кандидат за пратеник од Струга од ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,Во изминативе неколку дена, СДСМ својот ПР го има пуштено на најјако, па константно споменуваат и се фалат…

Posted by Mirce Adzioski on Tuesday, June 23, 2020
Please follow and like us: