ВМРО-ДПМНЕ традиционално утре ќе ја започне кампањата од Охрид

Охрид

Традиционално како секој изборен циклус така и овој ВМРО-ДПМНЕ ќе ја започне кампањата за предвремените парламентарни избори од Охрид.

Оваа година поради состојбата со коронавирусот ќе изостане големиот митинг, наместо тоа ќе има промоција на кандидатите за пратеници од Изборната единица 5, во која влегува Охрид.

Најпрво во 17 часот ќе има промоција во Велгошти, а во 20 часот на градскиот плоштад.

На настанот покрај кандидатите за пратеници ќе присуствуваат и носителот на листата Игор Дурловски, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Please follow and like us:
Tagged