Влајнкиноски до Митрески: Најмалку Вие сте со нешто заслужни да се фотографирате и самопромовирате со проект за кој и врапчињата знаат дека е дело на ВМРО-ДПМНЕ!

Регион

Денеска во посета на Вевчани беа кандидатот за пратеник од СДСМ од Струга, Јован Митрески, вице премиерката за економски прашања Мила Царовска и останати функционери од актуелната власт, кои извршија увид на објектот на старото училиште кој сега е пренаменет во Туристички центар.

На ова реагираше кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ од Вевчани, Ѓорѓи Влајнкиноски.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме неговиот статус објавен на Фејсбук:

Овој пат му се обраќам директно на Јован Митрески од Струга, човекот што денес во Вевчани ја пречека вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и му велам – во ред е што дојдовте.

Коректно е да биде поздравена вашата посета, независно од фактот што доаѓа во фотофинишот од мандатот на СДСМ како државна власт. Меѓутоа, не може а да не го споделам моето жалење затоа што крајно наивно сте прифатиле да бидете излажани и изманипулирани, иако постои можност токму Вие, сметајќи дека народот има кратко паметење, да настојувате сосема свесно да вршите манипулација!?

Сепак, независно од мотивите, овој настан е прекрасна можност во врска со споменатите лаги и манипулации, да ви се соопшти следното:

Прво, г-дине Митрески директно и без ракавици Ви кажувам дека најмалку Вие сте со нешто заслужни да се фотографирате во тој објект, а со тоа да се самопромовирате со проект за кој и врапчињата знаат дека е дело на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ!

Второ, единствената заслуга на СДСМ е тоа што го опструиравте почетокот на реализацијата на овој проект.

За крај, ве уверувам дека доколку во изминативе 3 години не бевте вие власт во државава овој објект ќе беше завршен и ставен во функција за развојот на туризмот во Вевчани.

Крајот се гледа!
Граѓаните ќе ги поразат ваквите политики!
Крајот е на 15 јули!
Многу помина, малку остана.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Влајнкиноски, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ од Вевчани

🗣️ Овој пат му се обраќам директно на Јован #Митрески од #Струга, човекот што денес во #Вевчани ја пречека…

Posted by Ѓорѓи Влајнкиноски /Gjorgji Vlajnkinoski on Tuesday, June 23, 2020
Please follow and like us:
Tagged