Две лица тешко повредени во вчерашната сообраќајна незгода кај „Буково“

Охрид

На 23.06.2020 во 11,20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид- Ресен во близина на депонијата кај превојот „Буково“, товарно моторно возило “Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки управувано од Ѓ.К.(46) од Ресен излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и совозачот З.Г.(44) од с.Евла-Ресен по што биле пренесени во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

извор: Министерство за внатрешни работи

фото: Планинска спасителна служба Охрид

Please follow and like us:
Tagged