(ВИДЕО) Дурловски: Нашата победа е сигурна, тоа го знаат и политичките опоненти

Македонија

Носителот на изборна единица 5, Игор Дурловски, денеска се обрати до граѓаните и рече дека му е особено чест што кампањата за парламентарни избори ќе ја започне од својот роден крај Битола.

– Нашата победа е сигурна, тоа го знаат и политичките опоненти. На овие избори Коалицијата „За обнова на Македонија“ нуди програма која е одговор на потребите на нашите граѓани и на нивните приоритети, истакна Дурловски.

Тој додаде дека е време да се врати достоинството на државата, да се овозможи владеење на правото, да се зајакне економијата, да се консолидира здравствениот систем, да се унапреди и образованието, да се стави на заслужено место македонската култура.

– Ова е нашата визија, во која што може да се препознае секој граѓанин и која нуди решенија за најгорливите прашања во Македонија. Сигурен сум дека македонскиот народ ќе го препознае тоа и на 15-ти јули по сите здравствени протоколи на избори ќе го даде својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и за Коалицијата „За обнова на Македонија“. Да покажеме дека нивното време заврши. Дека сме посилни од нив, дека Македонија е посилна од се, нагласи Дурловски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged