Охриѓанка физички нападната од нејзиниот сопруг: И упатил закани по животот

Охрид

На 23.06.2020 година во СВР Охрид, 32-годишна жена од Охрид, пријави дека на 22.06.2020 околу 23 часот во семејниот дом, била физички нападната од нејзиниот 37-годишен сопруг од Скопје, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Тој, според пријавеното, на сопругата и на членови од нејзиното семејство, им упатувал закани по нивниот живот. По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димоски

Please follow and like us:
Tagged