Анализа на Лидер: Во што е разликата во политичката кампања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ?

Македонија

Политичките партии во Македонија вчера и официјално ја започнаа кампањата, но засега кампањата е највеќе присутна на социјалните мрежи, поради ситуацијата со Ковид-19 во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ првиот спот што го објави кога започна изборната кампања е со мото ,,Исправи се Македонијо! Одбери обнова!”

Уште на самиот почеток во спотот се потенцира ветувањето на Заев дека треба да си ја свтикаме кичмата, и како за само само три години полни со неуспеси и понижување го исполнил и тоа ветување. Каде што Заев го даде нашето име, идентитет и историја.

Во спотот се споменува и влошувањето на економијата која се случува во последните три години. Скоро во целиот спот луѓето одат со искривена кичма.

Се до оној момент кога Христијан Мицкоски ќе сопре мајка со количка, и кога таа ќе почне да се исправува, а после неа и другите луѓе. Според експертите што ги консултира Лидер за симболиката на спотот, се истакнуваат како најважни следните две работи. Мајката е секој од нас или може да биде Република Македонија. Уште еден важен момент е што Мицкоски јасно става до знаење дека политиката на свиткана кичма нема да продолжи, кога ќе дојде тој на власт.

Односно дека со неговото доаѓање на власт ќе следи обратен процес. А тоа е исправање на кичмата на луѓето во Македонија, но и на самата држава и нејзини институции.

Мицкоски во спотот ќе порача, Заев сите не понижи, сега е време да се исправиме и да ги исправиме неправдите За иднината на нашата земја доста се неуспеси, време е за чест успех и развој. Време е за обнова и повеќе за секого.

Во обновата на ВМРО-ДПМНЕ односно нивната програма се истакнува и моќниот визуелен ефект и симболиката во нивните спотови. Каде што под обнова се подразбира на се што е уништено и унаказено во последните три години од владеењето на СДСМ. Во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ се вклучени многу млади луѓе, симболизирајќи дека тие се нашата иднина и дека на нивната полетност и креативност ќе смета ВМРО-ДПМНЕ.

Забележително е изразена присутност на социјалните мрежи, но и голема активност на носителите на изборните единици на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљаноска Давкова во ИЕ1, Владо Мисајловски во ИЕ2, Игор Јанушев од ИЕ3, Александар Николовски од ИЕ4, Игор Дурловски од ИЕ5 и Дафина Стојаноска од ИЕ6, по телевизии, дебати и вести и секако по социјалните мрежи.

За разлика од спотовите, пораките и аудио-визулените ефкети и материјалите на ВМРО-ДПМНЕ каде се демонстрира моќен визуелен идентитет, добри слики и силни пораки на билбордите. Во спротивниот табор односно во СДСМ владее сивило, без јасни пораки, без некои спотови каде ќе можат да се пофалат со нивните успеси.

Досега највеќе се истакнува пропагандата слика на СДСМ каде Заев е претставен како класен раководител, а неговите министри и истурени играчи како ученичиња, што според експертите ако се земе предвид вокабуларот, моралните вредности, трескањето глупости и коруптивни скандали на Заев, како да сакаат да пратат промена еве го учителот, учете од него.

Засега спотовите на СДСМ не се во преден план затоа што се појавуваат снимки од нивни функционери како земаат мито. Така да снимката каде Ден Дончев зема пачка пари и ја страва во ташна според експертите што ги консултиравме се наметнува како спот по кој досега највеќе ја препознаваат СДСМ во оваа кампања.

За тоа колку се СДСМ изгубени во време и простор покажува денешната изјава на Заев кој вели на 15 јули, обнова на патишта, обнова на инфраструктура, обнова на капитални проекти…

Ова е смешно затоа што првин го користи зборот ОБНОВА кој е слоган на ВМРО-ДПМНЕ, а второ затоа што скоро ништо не е изградено или обновено, што на шала ни рече еден експерт тие тревата во Аеродром не знаат да ја наводенат, им се исуши, а денеска даваат изјави каква обнова ќе направеле во Македонија.

извор: Лидер

Please follow and like us:
Tagged