Кривична за жители на Пештани: Полицијата ги фатила со 52 парчиња Охридска пастрмка

Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против, двајца жители од охридското село Пештани, едниот на 33-годишна возраст, а другиот на 24-годишна, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– На 04.02.2020 година во 18 часот, во близина на селото, полициски службеници ги забележале пријавените при излегување од водите на Охридското Езеро, а во нивниот чамец, пронашле рибарски мрежи и 52 парчиња риба Охридска пастрмка во вкупна тежина од 28,62 килограми, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged