Дурловски: Ќе направиме се Охрид да не го изгуби статусот на град заштитен од УНЕСКО

Охрид

За приоритетите во Петтaта изборна единица, носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, во гостување на вестите на Сител телевизија, посочи дека најзначајни се инфраструктурните проекти, системските решенија во образованието, здравството и најголем акцент на младите, како и Охрид да не го изгуби статусот од УНЕСКО.

На прашањето за дивоградбите во Охрид, Дурловски изјави дека тоа е деликатно прашање и мора внимателно да се решава, како баланс помеѓу заштитата на културното наследство и туристичката развојна компонента која е важна.

Дурловски истакна дека треба да се стори се, за да не го изгуби Охрид статусот на град заштитен од УНЕСКО.

-Инфраструктурните проекти, и системски решенија како патот Кичево-Охрид, да го спомнам автопатот од Битола до Градско, опоравување на здравството, реновирање на болниците во Битола, Кичево, во Охрид, со голем акцент во проектите за младите, најважно од се е нивното образование, мора да направиме барем еден универзитет да биде во првите 1000 од Шангајската листа, посочи Дурловски.

Во однос на загадувањето кое го прави РЕГ Битола, Дурловски вели дека многу се ветувало во минатото за ова, но мора да направиме нешто зошто основно право на човекот е да има чист воздух и да живее во здрава околина.

-Ќе се исполни ветената гасификација низ цела Македонија која ќе помогне во овој проблем, и истата планираме до крајот на нашиот мандат да ја завршиме и со тоа да се помогне во намалување на загадувањето, напомена Дурловски.

Во однос на новите снимки за потенцијален криминал во кој е спомнат лидерот на СДСМ Зоран Заев, Дурловски вели дека власта ја користела својата позиција за свои интереси и дека истото е недозволиво.

-Згрозен сум од тоа што го прочитав за новите снимки, власта која ја користела својата позиција за сопствени интереси е за мене недозволиво, верувам дека Обвинителството ќе превземе нешто за да се решат овие случаи, рече Дурловски од Демир Хисар во вестите на Сител телевизија.

Please follow and like us:
Tagged