Со дерби пресметката помеѓу Манчестер Јунајтед и ПСЖ вечерва започнува нокаут фазата во Лигата на шампионите

Спорт

Елитното европско фудбалско натпреварување, Лигата на шампионите вечерва се враќа на програмата и тоа со дерби пресметка на Манчестер Јунајтед и богатиот париски клуб Пари Сен Жермен.

Кога беше објавена ждрепката за осминафиналето во декември, на трикратните европски шампиони Јунајтед никој не им даваше шанси за пласман понатаму, посебно по ужасната домашна форма под Жозе Мурињо од една страна и доминацијата на ПСЖ во домашното првенство. Но, сега, два месеци подоцна, проблемите се кај гостите.

Оле Гунар Солксјер успеа да го „препороди“ Јунајтед, победувајќи во 10 од своите први 11 натпревари.

ПСЖ од друга страна има сериозни проблеми со составот бидејќи тренерот Тухел доаѓа на „театарот на соништата“ без повредените Нејмар и Единсон Кавани и ќе мора да се потпре само на Килијан Мбапе во нападот.

Во сенка на оваа пресметка, вечерва на „Олимпико“ Рома ќе се обиде да ја надмине кризата против незгодниот Порто и да направи предност пред тешкото гостување во Португалија.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged