Со лет со кој ќе допатуваат туристи од Холандија и Полска, „Виз Ер“ в четврток на 2 јули, ќе го отвори аеродромот во Охрид „Свети Апостол Павле“, соопшти генералниот директор на ТАВ – Македонија, Алпер Ерсој.
Протоколите се подготвени и се по сите светски стандарди, а патниците мора да дојдат три часа пред летот бидејќи проверките поради заштитните мерки се малку позабавени.
– Во авионите нема да има ограничување на местата за седење зашто, летањето би било неисплатливо. Патниците ќе мора да носат заштитни маски за цело време на летот, а кабините на авионите, се опремени со специјални хепа филтри кои уништуваат 99,9 отсто од вирусите и бактериите. Затоа авионскиот транспорт ќе биде најбезбеден јавен превоз, посочи Ерсој.
Ден претходно ,на 1 јули, „Виз ер“ ќе го отвори и скопскиот аеродром.
ОХРИД 24
