(ФОТО) Шекеринска со службено возило од министерство за одбрана на партиски собир во Вевчани

Регион

Министерката за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска, продолжува со мешање на партијата и државата.

Според фотографиите до кој дојде нашата редакција, Шекеринска како носител на листата на СДСМ во Изборна единица 5, на партиски собир во Вевчани е дојдена со возило, кое според проверката на сајтот на Антикорупциската комисија, припаѓа на министерството за одбрана, кое го раководи токму Шекеринска.

Во 2016 година во кампањата за парламентарните избори, тогаш како опозиција, СДСМ и Радмила Шекеринска, од уста не го вадеа раздвојувањето на партијата од државата, и велеа дека кога ќе дојдат тие на власт, тоа ќе се промени. Денес, четири години покасно, како и се останато, така и ова ветување остана мртво слово на хартија.

Please follow and like us:
Tagged